Дома Фудбал Добри вести за Барселона, Гави конечно ја прифати понудата

Добри вести за Барселона, Гави конечно ја прифати понудата

Барселона конечно успеа да се договори со младата ѕвезда Гави и талентот наскоро ќе потпише нов договор, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона ја заголемила понудата и ги задоволила финансиските барањата на Гави, па се очекува играчот наскоро да стави потпис на нов договор.

Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година и во него има откупна клазула од 50 милиони евра, сума која многу европски гиганти беа спремни да ја платат.

Во новиот договор ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра, со што Барселона ќе го „блиндира“ еден од своите најголеми таленти.

Гави во август ќе полни 18 години, но импресионираше со своите настапи минатата сезона и веќе е стандарден шпански репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џонс не го прифати изборот на Спенс за GTA: „Бегај од тука!“ (ВИДЕО)

Прашање за омилената GTA игра пред тренингот на Интер предизвика забавна размена меѓу Керт…