Дома Фудбал Добри вести за Барса: Меси спремен за „Ел Класико“

Добри вести за Барса: Меси спремен за „Ел Класико“

Барселона синоќа се спасуваше од пораз против Валенсија и одигра 2:2, а двата гола за Каталонците ги постигна Лионел Меси.

Сепак, резултатот беше во втор план бидејќи Меси при самиот крај се пожали на повреди и болки во бутниот мускул. Тоа сериозно ги загрижи фановите со оглед на фактот што за неколку дена се игра „Ел Класико“.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека веднаш му биле направени детални прегледи на Аргентинецот и не била констатирана посериозна повреда. Болките биле поради удар во десниот бутен мускул.

Меси ќе добие еден ден одмор, а од утре се враќа на тренинзите и ќе биде спремен за „Ел Класико“ кое на програмата е на 6-ти февруари на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Ништо од Шпанија, Лука Јовиќ има нов клуб!

Сега е конечно јасно, Лука Јовиќ преминува во АЕК и ќе потпише договор за две години со вр…