Дома Фудбал Останато Добил отказ затоа што – ја затруднел ќерката на претседателот!

Добил отказ затоа што – ја затруднел ќерката на претседателот!

Неверојатна приказна ни доаѓа од Словенија.

Нигерски фудбалер кој не сакаше да го открие идентитетот раскажа на медиумите во својата земја како во Словенија каде што играл во клуб од втората лига добил отказ затоа што ја затруднел ќерката на претседателот.

„Потпишав тригодишен договор со можност да биде продолжен за уште една година. Но минатиот месец се најдов во проблем поради мојата девојка која е ќерка на претседателот, таа откри дека е трудна од мене. Клубот дозна за тоа и ме повика на состанок. Таму признав дека сум одговорен за бременоста на девојката. Ми кажаа да останам дома и да не се појавувам во клубот додека не добијам понатамошни инструкции. Седум дена подоцна ме повикаа и ми кажаа дека сакаат да го раскинат договорот со мене. Причина? Непримерно однесување и недисциплина“, се пожали фудбалерот.

Приказната крена многу прашина во Словенија, а би можела да добие продолжение бидејќи фудбалерот има намера да се обрати до ФИФА.

„Агентот ми кажа дека има снимка на која претседателот зборува дека договорот ми се раскинува поради бременоста на неговата ќерка. Но, таа е возрасна. Се сакаме и одлучивме да имаме дете. Сега не знам што ќе се случи со детето откако јас се вратив во Нигерија. Ја присилија да ме блокира на друштвените мрежи, па не можеме да комуницираме. Некои од моите поранешни соиграчи не сакаат да разговараат со мене затоа што се плашат. Збунет сум“, расакажа анонимниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Зидан – се повреди Тони Крос

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе биде надвор од терените околу две недели поради …