Дома Останати Ракомет Дибиров со настапот против Кил доби место во тимот на колото во ЛШ

Дибиров со настапот против Кил доби место во тимот на колото во ЛШ

Tимур Дибиров одигра добар натпревар против германски Кил, но сепак неговиот настап не беше доволен Вардар да дојде до позитивен резултат.

Против Кил Дибиров постигна десет гола од вкупно 26 на Вардар и со овој настап сигурно дека го заслужи местото во тимот на колото. Треба да се спомене и дека Дибиров одлично ја почна сезоната и од стартот на сезоната е помеѓу најдобрите стрелци во ЛШ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА 6. КОЛО:

Голман – Калифа Гедбане (Динамо Букурешт)

Лево крило  – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Иван Слишковиќ (Порто)

Среден бек – Тобијас Грондал (Елверум)

Десен бек – Тејтур Орн Еинарсон (Фленсбург)

Десно крило – Алеиш Гомез (Барселона)

Пикер  – Владимир Врањеш (Мешков Брест)

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар: Разочарани сме од Алкалоид!

Oд редовите на Вардар денеска објавија соопштение во кое изразуваат незадоволство од однос…