Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Да не бараме алиби, оваа шлаканица е добредојдена

Дибиров: Да не бараме алиби, оваа шлаканица е добредојдена

Вардар 1961 вчера не се покажа во најдобро светло и беше декласиран од Е.Пелистер со девет голови разлика.

По натпреварот Тимур Дибиров порача дека оваа шлаканица за тимот доаѓа во вистинско време, а најмногу е разочаран од начинот на кој бил поразен неговиот тим.

„Разочарани сме од начинот на кој изгубивме. Во првиот дел не беше лошо, но во второто полувреме дојде до наш пад во играта. Поради правилата на домашни и странци не можевме да регистрираме уште неколку играчи, проблем имавме во ротацијата. Но, да не бараме алиби, оваа шлаканица е добредојдена затоа што ни следи тешка сезона. Може да видиме каде грешевме и во кој аспект треба да се подобриме“, порача Дибиров.

Вардар 1961 сега го чека настапот на Струшкиот турнир.

Фото: РК Вардар1961/ Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ним покажа квалитет во Битола: Пораз за Е.Пелистер на стартот од Европската лига

Eурофарм Пелистер со пораз ја започна сезоната во Европската лига против најквалитетниот т…