На денешниот натпревар против ПИК Сегед Тимур Дибиров испиша историја во Лигата на шампионите ја помина границата од 1.000 голови во Лигата на шампионите.
Дибиров со тоа стана само четврти ракометар кој постигнал повеќе од 1.000 голови во ракометната ЛШ. Македонската ракометна икона, Кирил Лазаров има 1.462 гола, втор е Никола Карабатиќ со над 1.000 голови и трет Момир Илиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До ова големо достигнување Дибиров стигна после 18 години настапи во ЛШ. Својот прв гол го постигна против тимот на Горење уште во 2003 година. Ќе потсетиме, неодамна Дибиров стигна и до 1.000 голови за Вардар во сите натпреварувања.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961