Дома Фудбал Останато Дибала се соочува со суспензија од три месеци?

Дибала се соочува со суспензија од три месеци?

Аргентинецот од редовите на Рома, Паоло Дибала би можел да се соочи со суспензија од три месеци, објавија италијанските медиуми.

Причината поради која Дибала може да се соочи со казна е финансиската измама во Јувентус, односно примањето пари на црно. Дибала беше повикан на разговор од обвинителите за да одговори на прашањата за непријавените исплати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во време на корона рестрикциите Дибала не се согласил да земе помалку пари, но се согласил да добие пари „под рака“. Информациите на обвинителството се дека на двапати на тој начин добил 1.9 милион евра.

Истражителите се сомневаат дека добил околу три милиони евра како компзација за Јувентус кој одлучил да не го продолжи договорот кој му истекувал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …