Лоренцо Инсиње после долги години ова лето се поврзува со заминување од Наполи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во италијанските медиуми се пишува дека Инсиње има желба да направи исчекор во кариерата и да премине во некој поголем европски клуб.
Ваквите информации стигнаа и до првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој даде коментар на оваа тема.
„Тој е наше момце, производ на нашата фудбалска школа. Ако дојде и ми каже во лице дека не сака да игра во Наполи, нема да му правам проблем. Ние секако дека сакаме да го задржиме, а ако замине тоа ќе биде исклучиво негова одлука, не на клубот“, потенцираше Де Лаурентис.
Инсиње во овој момент е со Италија на Европското првенство каде што денес го чека полуфиналето против Шпанија.