Дома Топ вести Де Геа не го интересираат парите на Јунајтед – сака да си оди!

Де Геа не го интересираат парите на Јунајтед – сака да си оди!

0

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не сака да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот голман има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2019 година, но Манчестер Јунајтед може автоматски да го продолжи на уште една година.

Тоа им гарантира на „црвените ѓаволи“ дека Де Геа нема да започне преговори со друг клуб уште на почетокот на иднината година.

Меѓутоа, Шпанецот следното лето ќе влезе во последната година од договорот па клубот сака што е можно побрзо да потпише нов договор и е спремен да го направи втор најплатен фудбалер веднаш после Алексис Санчез.


Следете го Sportski.mk и на


Меѓутоа, Де Геа е разочаран од ситуацијата во клубот и не сака да потпише нов договор. Неколку години беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ ова лето го купија Куртоа.

Последните информации од Островот се дека ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и сака да го донесе во Париз. Доколку Шпанецот е категоричен во намерата да не потпишува нов договор, тогаш Манчестер Јунајтед следното лето ќе биде приморан да го продаде.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Икарди и Ванда и денес главна тема: Интер сака да знае на што е – двајца фаворити за негов наследник!

Мауро Икарди му направи огромни проблеми на Интер со одолговлекувањето околу новиот догово…