Дома Македонски спорт Дејан Георгиевски испиша нова историја во македонскиот спорт!

Дејан Георгиевски испиша нова историја во македонскиот спорт!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Најдобриот македонски Таеквондист и освојувач на сребрен медал на последните Олимписки игри Дејан Георгиевски славеше против Мартин Соарес кој беше прв носител на „Гранпри финале“ турнирот во Саудиска Арабија.

Прво Георгиевски беше подобар од светскиот вицешампион Иван Гарсија Мартинез, а сега го совлада и Бразилецот, Мартинн Соарез. Борбата Георгиевски ја доби во две рунди со 9:5 и 6:0.

Сега Георгиевски е на чекор до уште еден голем медал кој по значење е веднаш под олимпиското сребро. „Гранпри финале“ е турнир каде што се натпреваруваат најдобрите борци од целиот свет и може да се учествува само со лична покана од организаторите.

Георгиевски е првиот Македонец кој ќе се бори за медал на еден од најважните турнири во таеквондото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Се бара кривична пријава за Мојсовски, а МОК бара смена на првиот човек на АМС!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Од утрово една од гл…