Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп го коментираше падот на формата на Пол Погба и шпекулациите за негов конфликт со Жозе Мурињо.
Погба на последните три натпревари за Манчестер Јунајтед беше на клупата за резерви, а на негово место играше младиот МекТомини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам точно каков е проблемот, но ќе разберам. Јасно е дека Пол не е среќен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Причините за ваквата ситуација можат да бидат различни, јас ќе разговарам со него и ќе се обидам да му помогнам“, изјави Дешамп.
Пред неколку дена поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари го советуваше Погба да го напушти Манчестер Јунајтед, а се погласни се шпекулациите дека Французинот е во конфликт со Жозе Мурињо.