Дома Фудбал Детал кој никој не го примети: Левандовски му “удри“ шамар на Дејвис

Детал кој никој не го примети: Левандовски му “удри“ шамар на Дејвис

Баерн стана третиот полуфиналист во ЛШ откако после неверојатните 8:2 ја победи Барселона и му нанесе голем срам на каталонскиот гигант.

Баварците одиграа перфектен натпревар, а како играа можеа и до двоцифрен број на голови. Неколку фудбалери импресионираа помеѓу кои беше и Алфонсо Дејвис.

Дејвис имаше одличен продор кај петиот погодок на Баварците кога нанижа неколку играчи на Барса и му асистираше на Кимик да постигне погодок.

Во прославата на голот Роберт Левандовски под емоции од среќа и задоволство му “удри“ шамар на Дејвис, но младиот Канаѓанец тоа не го ни почувствува и замина со соиграчите на прослава.

Нема дилеми дека Баерн има врвен играч за следните десетина години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…