Дома Трансфер зона Детали од договорот на Костиќ со Јувентус, што недостасува?

Детали од договорот на Костиќ со Јувентус, што недостасува?

Италијанските медиуми објавија вчера дека Филип Костиќ е на чекор од потпис со Јувентус.

Денес пристигнуваат нови информации кои ги објави Фабрицио Романо. Познатиот новинар тврди дека Костиќ ги договорил личните услови со Јувентус и дека тука нема никаков проблем. Во Торино Костиќ го чека плата од 2.5 милиони евра и договор на три години.

Преостанува уште клубовите да ги договорат конечните детали, а наводно се работи за бонусите. Според информациите договорена е оштета од 15 милиони евра, Ајнтрахт сака бонуси кои ќе бидат врзани за настапите на Костиќ и неговиот учинок.

Објавено е дека Костиќ имал понуда и од Вест Хем кој му нудел повеќе пари, меѓутоа негова желба е Јувентус. Во Јувентус тој ќе игра и заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата Душан Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Икарди поради Ванда не може да најде нов клуб?

Mауро Икарди нема баш некое лето кое ќе го памети. Аргентинскиот репрезентативец е „вишок“…