Дома Македонски спорт Детали за Охридскиот маратон: Пријавени 20-тина пливачи, АМС помага со 10.000 евра, град Охрид со организацијата

Детали за Охридскиот маратон: Пријавени 20-тина пливачи, АМС помага со 10.000 евра, град Охрид со организацијата

На денешната прес-конференција беа потврдени детали за овогодинешниот Охридски пливачки маратон. Маратонот ќе се одржи на 10-ти или 11-ти септември, а наградниот фонд финансиран од АМС ќе изнесува 10.000 евра.

Деновиве прво беше објавено дека годинава нема да има Охридски маратон и тоа токму кога треба да се оджи јубилејното 60-то издание. По бурата реакции во јавноста, градоначалникот Кирил Пецаков, во соработка со АМС не дозволија традицијата да биде прекината.

Според договорот сите трошоци околу организацијата ќе бидат на Општина Охрид, а АМС ќе го покрие наградниот фонд.

Маратон ќе има и радосен сум што иако се исправија многу пречки пред нас, успеавме сите да ги надминеме. После вчерашниот координативен состанок заклучок беше да најдеме начин како да го организираме, а после состанокот со директорот на АМС донесени се следните заклучоци: АМС ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, сите останати трошоци со организацијата ќе ги покрие град Охрид и Советот ќе донесе одлука за издвојување на два милиони денари од буџетот за оваа намена. Бидејќи сметката на НПФ е блокирана, парите ќе ги префрлиме на охридски клуб кој ќе биде вклучен во организацијата“, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Пецаков.

Одговорите кои се чекале од пливачите биле позитивни па така на овој маратон ќе настапат 20-тина.

Првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски посочи дека терминот е 10-ти или 11-ти поради обврските на натпреварувачите кон други натпреварувања.

Проблемите кои се настанати не се од сега, туку од поодамна и се директно и исклучиво само на пливачката федерација која треба да биде носител на организацијата на манифестација како што е Охридскиот маратон. Тој оваа година би требало да се одржи на 10 или 11 септември поради тоа што сите пливачи во моментов се на други натпреварувања“, изјави Мојсовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на кол…