Дома Фудбал Англија Денес изгледа смешно: Еве каква клазула предложил Јунајтед во договорот на Санчо

Денес изгледа смешно: Еве каква клазула предложил Јунајтед во договорот на Санчо

Џејдон Санчо е во центарот на вниманието на медиумите на Островот поради неговата ситуација во Манчестер Јунајтед каде што како што изгледа повеќе нема да заигра.

Санчо влезе во конфликт со Ерик Тен Хаг кој цврсто стои на својот став и нема намера да попушти.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Во Јунајтед очекуваа многу повеќе кога платија 85 милиони евра на Борусија Дортмунд по одличните настапи на англискиот фудбалер во Бундеслигата.

За Јунајтед, Санчо игра далеку под очекувањата, а клубот по конфликтот со Тен Хаг му забрани дури и да јаде во кантината доколку несе извини, засега и Санчо е упорен тврдејќи дека нема за што да се извини.

Додека целата ситуација е во фокусот на вниманието медиумите се потсетуваат на преговорите помеѓу Борусија и Манчестер Јунајтед. Јунајтед се обидуваше да ја намали цената со дополнителни клазули во договорот, една од нив од денешна гледна точка изгледа смешно.

Имено, Јунајтед предложил клазула за бонуис ако Санчо биде помеѓу тројцата финалисти за „Златната топка“. Во Борусија го одбиле тоа барање и сега се покажува како исправен потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија со кратко видео на социјалните мрежи го најави најнов…