Италијанската фудбалска легенда, Алесандро Дел Пјеро за првпат јавно го коментираше тешкиот пораз на Италија од Македонија.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дел Пјеро свој коментар даде за време на вчерашната трка во Формула 1 во Саудиска Арабија. Италијанската легенда беше еден од вип гостите на организаторите на трката во Џеда. Таа прилика „Скај Спорт Италија“ ја искористи да зборува со Дел Пјеро и на фудбалски теми.




„Не само што ова не се убави моменти, туку се и драматични. Ќе видиме што ќе се случува, репрезнетацијата мора да се консолидира, а фудбалерите да преземат одговорност. Убеден сум дека тоа ќе се случи, сега навистина е тешко да се размислува и да се прават проценки после вакво разочарување“, изјави Дел Пјеро.