Дома Фудбал Деко: Никој не побарал од Чави да ја освоиме Ла Лига

Деко: Никој не побарал од Чави да ја освоиме Ла Лига

Чави Ернандез веќе потврди дека ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната.

Таа одлука беше изненадување за многумина, па и за спортскиот директор на клубот, Португалецот Деко. Во кариерата Деко играше заедно со шпанскиот репрезентативец и секогаш имаа одлична соработка.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Сега Деко истакна дека клубот не барал Чави да замине и тие секогаш го поддржувале, одлуката за заминување ја донел самиот Чави.

„Секогаш беше во плановите за нашата иднина. Имавме визија за следната сезона, но потоа не изненади кога ни соопшти дека сака да замине. Ни кажа дека ќе замине ако ја освои титулата во Ла Лига. Никој не побара такво нешто бидејќи знаевме дека сме во тешко ситуација. Сакавме само да сме конкурентни“, изјави Деко.

Според најавите во медиумите главен фаворит за наследник на Чави во овој момент е Германецот, Ханси Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан спреми нов богат договор за Тео Хернандес

Тео Хернандес е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задрж…