Дома Фудбал Останато Дежа ву: Вилијан вчера го ископира ремек делото против истиот тим од 2015 година (ВИДЕО)

Дежа ву: Вилијан вчера го ископира ремек делото против истиот тим од 2015 година (ВИДЕО)

Тимот на Челзи вчера во рамките од Лигата на Европа го победи Динамо Киев со резултат 3:0 и така си создаде одлична предност пред реваншот на гостински терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи до водство стигна во 17-тата минута преку Педро.

Во второто полувреме, во 65-тата минута се случи една интересна ситуација. Имено, Вилијан изведе копија на ремек-делото кое го постигна против истиот тим во 2015 година.

Тогаш таа 2015 година Челзи и Динамо играа во Лигата на шампионите, а Бразилецот постигна фантастичен гол од слободен удар. Вчеравечер од слична позиција постигна скоро ист погодок.

Во финишот од натпреварот победата на Челзи ја потврди Хадсон Одои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мексиканците им зададоа шлаканица на Американците на отворањето на СП: Забрането знаме пред очите на целиот свет

Мексиканците зададоа жестока шлаканица на Американците на отворањето на Светското првенств…