Иако како тинејџер дебитираше за Шпанија пред четири години, младиот напаѓач сега сака да ги брани боите на земјата на неговите родители.
Ќе биде тоа тешко остварливо, но Ел Хадади и Фудбалскиот сојуз на Мароко тргнаа во акција и ќе се обидат да издејствуваат трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според правилникот на ФИФА играчот не може да настапува за друга репрезентација ако пред тоа одиграл и една минута за друга селекција.
Мунир Ел Хадади во текот на квалификациите за Европското првенство 2016 година одигра еден натпревар за Шпанија (во игра влезе на местото на Коке).
Тој е роден во Шпанија, но бидејќи неговите родители се Мароканци можеше да бира за која репрезентација ќе настапува.
Тогаш ја избра Шпанија, сега го промени мислењето. Ел Хадади оваа сезона игра за Депортиво Алавес како позајмен фудбалер од Барселона, а минатиот викенд беше херој во победата над Гетафе.