Двоецот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард и Фил Џонс ќе бидат главни мети на Вест Хем ова лето, пишуваат дел од англиските медиуми.
Тренерот Дејвид Мојс веќе соработуваше со нив додека беше на клупата на „црвените ѓаволи“ и сака да ја обнови соработата, но само во случај Вест Хем да не испадне од лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, „чеканите“ во овој момент се на 16. позиција со само четири бода над опасната зона, а до крајот на Премиер лигата останати се само уште пет кола.
Инаку, клубот од Лондон би требало да има конкуренција за доведување на споменатите играчи. За Џонс наводно се интересира Њукасл, додека Лингард се поврзуваше со Рома и Евертон.
Двајцата фудбалери во Јунајтед се долги години, но во последно време се во втор план и многу се пишува за нивно заминување.