Дома Македонски спорт Дарио Ивановски 69. на олимпискиот маратон во Париз – го развеа и македонското знаме! 🎥

Дарио Ивановски 69. на олимпискиот маратон во Париз – го развеа и македонското знаме! 🎥

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69. позиција од 81 натпреварувач на маратонот од 42 километри во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ивановски истрча за време од 2:28:15 и не успеа да дојде до личен рекорд. Треба да се каже дека зад Дарио остана и олимпискиот победник Елуид Кипчоге кој се откажа на 30. километар.

Победник на маратонот беше Тамират Толат од Етиопија со кој со време од 2:06:26 постави нов личен рекорд. Зад него следуваа Башир Абди од Белгија и Бенсон Кипрут од Кенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…