Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот, многумина ќе кажат и најголем, но и тие не останаа непогоден од пандемијата од коронавирусот.
Како и лани, така и оваа сезона. Првиот човек на клубот, Флорентино Перез кој овие денови е во центарот на вниманието поради обидот да формира Суперлига на богатите клубови одлучил и оваа сезона да нема никакви бонуси за фудбалерите.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Без разлика дали фудбалерите ќе стигнат до титулата во Ла Лига, Лига на шампиони или и двете тие нема да добијат ништо повеќе од она што им следува според договорот.
Причина за ваквата ситуација е долгот на клубот кој изнесува повеќе од 750 милиони евра.