Дома Трансфер зона Дали пропадна трансферот на Џеко во Интер?

Дали пропадна трансферот на Џеко во Интер?

0

Иако медиумите во Италија известуваа дека трансферот на Един Џеко во Интер е пред реализација, сепак тоа поприлично се одолговлекува.

Џеко веќе има комплетен договор со „нероаѕурите“, кои пак некако не успеваат да најдат заеднички јазик со Рома околу обештетувањето.

„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека трансферот на Џеко е доведен во прашање, бидејќи Интер во меѓувреме се сврте кон други приоритети.

Угледниот милански весник пишува дека двете страни се далеку од договор, бидејќи Интер нуди 10 милиони, а директорите на Рома очекуваат двојно повеќе.

Весникот додава дека ќе биде тешко да се постигне договор во догледни време, бидејќи Интер сака да се посвети на својата примарна цел, а тоа е Ромалу Лукаку.

Антонио Конте веќе порано изрази желба дека би сакал во тимот да го има Џеко и тоа пред почетокот на припремите кои се закажани за 7-ми јули.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Рома го доведе еден од најталентираните стопери во Италија!

Раководството на Рома ја доби битката за еден од најталентираните стопери во Италија, Џанл…