Дома Трансфер зона Дали Пеп е сериозен?! Еве кој играч го нуди во замена за Санчез!

Дали Пеп е сериозен?! Еве кој играч го нуди во замена за Санчез!

Алексис Санчез е најголема желба на Пеп Гвардиола ова лето и славниот тренер не прашува за цена за да го доведе Чилеанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Па така во англиските медиуми се појавија информации дека Манчестер Сити е спремен на Арсенал да го понуди Серхио Агуеро во замена за Алексис Санчез.

Гвардиола кој разочара во својата прва сезона во Англија смета дека Агуеро не се вклопува во неговиот стил на игра, а дури во еден дел од сезоната помина на клупата.

Сега се обидува да го искористи како „џокер“ и преку него да стигне до Санчез, иако од лондонскиот клуб порачаа дека Чилеанецот нема да биде продаден на некој од ривалите.

Меѓутоа, навивачите на Арсенал, дури 70% во анкетите би се откажале од услугите на Санчез во замена за Серхио Агуеро. Посебно поради тоа што Санчез ги разочара минатата сезона со однесувањето на теренот, но и со одбивањето да го продолжи договорот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…