Дома Фудбал Италија Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Во дербито на 22. коло во Серија А, Аталанта и Интер вчера ремизираа 0:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После мечот на друштвените мрежи се појави честитка од Наполи до вчерашните ривали.

„Им честитаме на Аталанта и Интер на возбудливиот и напнат натпревар“, стои на официјалниот профил на Наполи.

Ова предизвика многу коментари, некои сметаа дека тимот од југот на Италија ги „провоцира“ Аталанта и Интер со оглед на тоа дека вчерашното реми оди во прилог на Наполи. Од друга страна дел сметаа дека станува збор за искрена честитка.

Аталанта е третопласирана со бод помалку од Наполи и сега од лидерот Интер заостанува седум бодови. Наполи својот натпревар го игра вечерва против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…