Дома Фудбал Останато Дали во 2010 на Иниеста му беше направена голема неправда?

Дали во 2010 на Иниеста му беше направена голема неправда?

Џек Клинс, Сем Тај и Дин Џонс, новинари на познатиот „Bleacher Report“ се согласни дека на Андрес Иниеста во 2010 година му беше направена голема неправда.

Покрај она што го освои со Барселона, шпанскиот играч за врска таа година стана шампион на светот со Шпанија. Го постигна победничкиот гол во продолжението од финалето против Холандија (1:0), но „Златната топка“ отиде во рацете на Лионел Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во 2010 година мораше да ја освои таа награда. Освои се што и Меси и плус даде гол во финалето на Светското првенство кое Шпанија го освои“, се согласија новинарите, па потоа следуваа нови пофалби на негова сметка:

„Тој не беше најдобар фудбалер една година, веројатно беше најдобар техничар помеѓу фудбалерите пет или шест години. Беше прекрасно да се гледа. Навистина беше креативен, можете многу да кажете за Чави, но тој немаше така големи моменти. Од друга страна Иниеста погоди во финалето на СП, го постигнат познатиот гол против Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите. Во финалето го победија Манчестер Јунајтед и Вејн Руни тогаш кажа дека Иниеста е најдобар во светот. Мораше да ја освои таа награда“.

Веројатно и имаат право…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…