Тим Хардвеј Јуниор е човекот кој ја одбележа изминатата вечер во НБА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На теренот каде што неговиот татко Тим Хардвеј прикажуваше фантастични настапи од 1996 до 2011 година ТимХардвеј Јуниор одигра натпревар за паметење. Навикнавме Дончиќ да биде најдобриот и предводникот на Далас во натпреварите, меѓутоа овој пат таа улога му припадна на Хардвеј.
Хардвеј блескаше и постигна 10 тројки, вкупно дојде до 36 поени. Дончиќ повторно беше солиден со 23 поени. Маверикси со оваа победа над Мајами од 113:127 се на петото место на Западната конференција.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Феникс 118-134 (пп.), Детроит – Шарлот 99-102, Милвоки – Бруклин 124-118, Мајами – Далас 113-127, Њу Орлеанс – Голден стјет 108-103, Клиперс – Торонто 105-100, Оклахома – Сакраменто 99-103.