Aнтоан Гризман конечно ќе го доби дресот со кој настапуваше претходно.
Гризман во Атлетико и Сосиедад играше со дресот со број 7, но по доаѓањето во Барселона не можеше да го избере тој број затоа што беше во сопственост на Кутињо, па мораше да ја задолжи 17-ката. Кога Кутињо беше позајмен во Баерн Гризман се обиде веднаш да го промени бројот минатата сезона, но фудбалскиот сојуз тоа го забрани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според правилата еден играч мора да ја заврши сезоната со бројот кој ќе ја започне. Пред почетокот на сезоната Гризман сега може да си ја земе „седмицата“ и тоа и го направи.