Дома Фудбал Го спремаа за во Барса, денес официјано ја презеде Селта!

Го спремаа за во Барса, денес официјано ја презеде Селта!

Помошникот на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе ќе ја предводи Селта во новата сезона и на тренерското место ќе го наследи Едуардо Берицо, потврдија од шпанскиот фудбалски клуб.

Унзуе ќе се врати во Селта во која беше помошник на Луис Енрике во сезоната 2013/14, а потоа заедно со него се пресели во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми долго го споменуваа Унзуе како фаворит за наследник на Луис Енрике во Барселона, но каталонскиот клуб се одлучи за друг избор.

Берицо кој си заминува од Селта би требало да ја преземе екипата на Севиља, трансфер за кој се очекува официјална потврда до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе изгуби долгорочен спонзор по две децении

Изгледа дека долготрајното партнерство меѓу Килијан Мбапе и „Најк“ приоѓа кон својот крај,…