Дома Фудбал „Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме“

„Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме“

Првиот човек на Баерн Карл Хајнц Румениге порача дека неговиот клуб никогаш нема да може да го доведе Килијан Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Најдобрите фудбалски години се пред него, но ретки се клубовите кои можат да си го дозволат. Баерн не е помеѓу нив, потврди Румениге.

„За жал, неговиот трансфер во Баерн е невозможен. Го сакам Мбапе и начинот на кој игра, но никогаш нема да можеме да го доведеме во Баерн“, истакна Румениге.

Ќе потсетиме ПСЖ за Мбапе на Монако му плати цена од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио го гледа врвот, Гатузо ја спушта еуфоријата: Прво 40 бода!

Лацио има шанса да се издвои на чело на Серија А, но Џенаро Гатузо пред дуелот со Каљари б…