Дома Фудбал Италија Го остави зад себе Паоло Малдини: Буфон денес испиша историја во Серија А

Го остави зад себе Паоло Малдини: Буфон денес испиша историја во Серија А

Џанлуиџи Буфон денес и официјално е фудбалерот со најмногу настапи во Серија А.

Голманот на Јувентус се најде во стартниот состав на Јувентус за градското дерби против Торино и тоа за него е 648 настап во најсилната италијанска конкуренција.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со ова Буфон го остави зад себе Паоло Малдини кој кариерата ја заврши со 647 настапи во Серија А. Трет на оваа листа е Франческо Тоти со 619 настапи, па следи легендата на Интер Хавиер Занети со 615 настапи.

Буфон веројатно својата предност дополнително ќе ја зголеми затоа што пред неколку дена го продолжи договорот со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…