Баерн за два дена ја заврши работата околу ангажманот на Иван Перишиќ – Хрватот ќе биде привремени решение за левата страна во тимот на Баерн.
Ќе потсетиме Баерн неочекувано се најдоа во незгодна позиција поради повредата на Лерој Сане пред кого можеби претстои и седум месеци пауза. Германците имаа договор со Сане и се чекаше само конечното „да“ од Манчестер Сити. Дури и неговиот лет за Минхен беше закажан, а потоа Гвардиола го стави во стартните 11 против Ливерпул во Комјунити Шилд и Сане после десетина минути игра заработи повреда на лигаментите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден воспоставени беа контакти со Интер и претставниците на Перишиќ. Проблем било тоа што Италијаните сакале во договорот да вметнат клазула со обврска за откуп, додека Баерн не сакаше да слушне за такво нешто на крајот се најдоа некаде на пола – зголемување на цената за позајмицата и опција за откуп.
Значи договорот е ваков: Интер за 12 месеци позајмица ќе добие пет милиони евра и ќе се ослободи од платата на Перишиќ (четири милиони евра), а Берн добива опција за откуп во јули 2020 за 20 милиони евра.