Еден Азар го напушти Реал Мадрид една година пред истекот на договорот.
Најскапато промашување во историјата „кралевите“ го платија 115 милиони евра и од доаѓањето во 2019 година од Челзи одигра 76 натпревари, постигна седум гола и асистираше за 12. Пред него сега се две опции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на „Марка“, Азар или ќе замине во пензија или ќе продолжи во МЛС лигата од каде што се поврзува со Ванкувер.
Засега Азар нема донесено одлука, а последната негова сезона беше очајна, во десет настапи за Реал собра помалку од 400 минути. Имаше договор и за следната, но очигледно и самиот знаеше дека нема смисла да се обидува да добие нова шанса.
Иако Азар одлучи да замине без да добие некаква посебна оштета, Реал сепак му исплатил третина од договорената годишна плата која му изнесуваше 28 милиони евра бруто.