Актуелниот српски шампион, белградска Црвена Звезда после цели 58 години би можела да се пресели од „Маракана“.
Ваквата опција ја најави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ и објасни дека е чисто од финансиска прирорда. За Терзиќ иднината на Звезда е да се пресели за да може комерцијално да заработува, а притоа да добие и модерен тренинг камп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На местото каде што сме во овој момент имаме сопственост од 16.5 хектари и зборуваме за некаков капитал. Но, ние годишно од тоа немаме никаков приход, плус имаме трошок од 250.000 евра за данок на имот кон Белград. Стадионот е изграден во 1953 година и е наслонет на четири трибини на земја, па немаме ниту еден квадрат од некаков бизнис или станбен простор на најскапата локација во градот. Можам да кажам дека сме блиску до договор да кушиме 20 хектари во близина на аеродромот и да направиме наш камп, комплетно да се преселиме таму“, изјави Терзиќ.
Останува да се види како на ваквата најава ќе реагираат навивачите со оглед дека на „Маракана“ има голема историја.