Дома Трансфер зона Големото промашување на Барса се сели во Кина!?

Големото промашување на Барса се сели во Кина!?

0

Бразилскиот репрезентативец, Малком беше на чекор од трансфер во Рома, во поселден час пристигна понуда од Барселона, а Бразилецот одлучи да ги одбие Римјаните и да ги засили редовите на шампионот на Шпанија.

Барса едноставно не се одбива, но изгледа дека Малком во овој случај направи грешка. Имено, тој запиша само 127 минути во дресот на Барса од стартот на сезоната, успеа како резервен играч во Лигата на Шампионите да се запише во листата на стрелците. Сепак, ниту тој гол не му купи минути кај Ернесто Валверде, па и понатаму ја грее клупата на Барселона.

Многу тимови се заинтересирани за неговите услуги, а сега во трката се вклучи и еден кинески клуб, со историја за бизнис со каталонскиот клуб. Станува збор за Гвангжу Евергранде, клуб кој минатото лето на Барса и го продаде Паулињо за 40 милиони евра, за овие да го вратат за 10 милиони евра повеќе.

Екипата која ја предводи Фабио Канваро сега е заинтересирана и за Малком, Италијанецот го стави во својата листа на желби и сега е на управата на клубот да се обиде да направи уште еден договор со Барселона. Така без сомнеж би бил голем удар за кариерата на 21-годишниот Малком, кој за сега веројатно се кае што ја одби „Волчицата“, бидејќи во Рим сигурно ќе добиеше прилика да се докаже и да напредува.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Падна договор: Алекс Сандро останува верен на Јувентус!

Иако веќе подолго време се шпекулираше дека Алекс Сандро на крајот на сезоната ќе го напуш…