Англискиот гигант Челзи по ужасната сезона во Премиерлигата го чека голем ремонт на лето, а една од позициите кои треба да бидат засилени е нападот на екипата.
Челси наскоро ќе го потврди ангажманот на Маурисио Покетино, по што ќе тргне по потписот на 31-годишниот Садио Мане од Баерн Минхен.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Англиските медиуми пишуваат дека Мане ќе биде првото засилување на Челзи ова лето, откако Сенегалецот имаше катастрофална сезона во Минхен.
Трансферот на Мане ќе чини околу 35 милиони фунти плус бонуси, а треба да се спомене дека сенегалскиот напаѓач на 36 настапи за баварскиот гигант постигна 12 голови.