Дома Топ вести ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ПСЖ: Завршија трансфер вреден 75 милиони евра!

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ПСЖ: Завршија трансфер вреден 75 милиони евра!

0

Француски ПСЖ заврши трансфер вреден 75 милиони евра, кој ќе биде реализиран наредното лето!

Раководството на францускиот шампион се договори со холандскиот гигант Ајакс и младиот играч за врска Франк Де Јонг од лето ќе стане нов член на ПСЖ.

Вредноста на трансферот е 75 милиони евра, а 21 годишниот фудбалер го избра ПСЖ пред Манчестер Сити, но и Баерн и Барселона кои исто така беа заинтересирани за неговите услуги.

Така Де Јонг наредната сезона ќе го облече дресот на „светците“ и ќе стане ново скапоцено засилување за клубот од Париз.


Следете го Sportski.mk и на


Де Јонг член на првиот тим на Ајакс стана во 2016 година. Набрзо доби стандардно место во почетниот состав и во досегашната кариера одигра 50 натпревари за Ајакс и постигна два погодоци.

За репрезентацијата на Холандија настапи четири пати.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракитиќ се поблиску до трансфер во Интер

Еминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“ и во денешното издание пишува дека плеј…