Португалската полиција изврши претрес на куќата на еден од најпознатите фудбалски менаџери, Жорге Мендеш, пренесуваат тамошните медиуми.
Има сомнение дека Мендеш затајувал данок и перел пари, па полицијата за цел на истрагата направи претрес во неговата куќа со цел да прибере докази.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Исто така покрај куќата на Медеш, извршен е претрес и во просториите на најпознатите клубови, Порто, Бенфика, Спортиг Лисабон, Брага… така што е одземена документација за трансфери кои се под „капата“ на познатиот агент.
Исто така претресени се и куќите на првите луѓе на клубовите, како и големите ѕвезди кои играче за овие клубови како Џексон Мартинез, Макси Переира, Икер Касиљас…

Сите се осомничени дека со фиктивни документи ги намалувале сумите кои клубовите им ги исплаќале и на тој начин избегнувале плаќање на данок за државата од неколку милиони евра.
Полициската акција продолжува, па останува да следиме колку обвиненија и против кого ќе бидат подигнати.