Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид игра фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти.
Неговиот агент, Ник Мавромарас најави дека ја игра последната сезона во Лил и на лето најверојатно ќе се прсели во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интерес за Дејвид покажуваат Ливерпул и Арсенал, како и миланските гиганти Интер и Милан.
„За нас целта е Џонатан да ја заврши сезоната во Лил, но поради многу причини ова ќе биде негова последна сезона во тој клуб. Мислам дека Премиер лигата најмногу му одговара, но исто така тој има одлични карактеристики да игра и во Шпанија. Не исклучувам ништо, но сметам дека овие првенства би биле најдобри за него“, изјави агентот
21-годишниот напаѓач е мета на многу европски гиганти, а Лил за неговата слобода бара 40 милиони евра.