Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за „новиот Пирло“ (видео)

Гигантите се „тепаат“ за „новиот Пирло“ (видео)

Рома е е подготвена да извади 25 милиони евра за да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали.

18-годишниот талент ги импресионира сите со неговите партии во Серија Б и младинскиот национален тим на Италија.

На Апенините го нарекуваат дури и „новиот Пирло“ поради неговото одлично движење на теренот, како и извонредната техника. Пирло исто така е производ на школата Бреша, што е уште една сличност меѓу нив.

Тонали веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Милан, Челзи, Интер, Јувентус… но италијанските медиуми тврдат дека токму Рома сега е во пол-позиција за неговиот потпис.

„Волчицата“ е спремна да ја победи конкуренцијата и спрема понуда од 25 милиони евра. Доколку се реализира трансферот Тонали ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Серија Б.

Меѓутоа, Бреша за неговата слобода бара најмалку 30 милиони евра, па се уште нема договор помеѓу двата клуба.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дембеле веќе бара нов клуб, Челзи прв застанал во редот?

Свесен е Осман Дембеле дека за него нема да има место во Барселона во сезоната која следи.…