Дома Фудбал Гвардиол за дуелот со Меси: На децата ќе им кажувам дека 90 минути сум го чувал најголемиот…

Гвардиол за дуелот со Меси: На децата ќе им кажувам дека 90 минути сум го чувал најголемиот…

Репрезентацијата на Хрватска беше поразена од Аргентина во полуфиналето на Светскот опрвенство и утре од 16:00 часот ќе игра против Мароко за бронза.

На прес-конференцијата пред натпреварот во сабота присуствуваше и дефанзивецот Јошко Гвардиол кој не можеше да се справи со Меси во полуфиналниот дуел.

Гвардиола блескаше во текот на целото првенство, но против така расположен Меси веројатно не може да игра ниту еден дефанзивец во светот, па ниту тој не е исклучок.

Сепак, Гвардиола е горд што имал прилика да игра против Меси.

„Беше убаво искуство, иако минатата сезона и во клубот играв против него. Целосно е поинаков кога игра за клубот и репрезентацијата.

Мило ми е што играв против него иако изгубивме. Но, ќе можам утре да им кажам на децата дека 90 минути сум го чувал Меси. Се надевам дека следниопт пат ќе победиме“, изјави Гвардиол.

ДУЕЛОТ НА МЕСИ И ГВАРДИОЛ ПРЕД ГОЛОТ НА АЛВАРЕЗ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…