Дома Фудбал Англија Гвардиола призна: Се соочуваме со големи проблеми

Гвардиола призна: Се соочуваме со големи проблеми

Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако после победата во првиот меч синоќа одигра реми против Атлетико Мадрид.

Гвардиола не ја криеше радоста за пласманот во полуфиналето, но истакна дека тоа може скапо да ги чини „граѓаните“ со оглед на густиот распоред и многуте повреди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се соочуваме со големи проблеми. Не смееме да заборавиме дека игравме пред три дена, патувавме, стигнавме тука и имаме многу повредени играчи чиј број ќе се зголеми по овој натпревар. Не знам што ќе се случи во следните неколку недели, но денеска славиме бидејќи Сити трет пат во својата историја е во полуфиналето од Лигата на Шампионите“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Галатасарај може да се засили со фудбалер на Манчестер јунајтед вреден 50 милиони евра!

Турскиот шампион Галатасарај планира да го засили својот тим за време на зимскиот трансфер…