Дома Фудбал Гвардиола: Не мислам ни секунда на ПСЖ

Гвардиола: Не мислам ни секунда на ПСЖ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели очекувањата од дуелот со Лајпциг во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ се наоѓаат во тешка група, заедно со ПСЖ, но Гвардиола истакна дека воопшто не мисли на тој дуел.

„Опасно е уште сега да се фокусираме на ПСЖ бидејќи ни следува дуел со Лајпциг. Најтежок меч за нас во ЛШ ќе биде првииот, а тоа е Лајпциг. Ни секунда не мислам на ПСЖ“, истакна Гвардиола.

„Тимовите во нашата група се многу силни. Лајпциг значително напредуваше во Германија и овој меч ќе биде добар тест за нас. Важно е да играме како во саботата против Лестер“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…