Дома Фудбал Англија Гвардиола мисли на се: Не му дозволил на Марез да игра против Ливерпул поради бизарна причина

Гвардиола мисли на се: Не му дозволил на Марез да игра против Ливерпул поради бизарна причина

Maнчестер Сити продолжи да освојува трофеи во Англија. После подоброто изведување на пенали Сити вчера го победи Ливерпул во Комјунити Шилд.

Ријад Марез не играше на овој натпревар иако беше спремен Пеп Гвардиола не му дозволил да игра поради ризик од анти-допинг тест.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот стратег после натпреварот откри дека Алжирецот го побарал и барал од него да игра, но менаџерот на „граѓаните“ не сакал ништо да ризикува.

„Ријад ме побара и ми кажа: Сакам да играм против Ливерпул. Јас му одговорив: Секако дека си добредојден. Но не знаевме дека користи некои капки за очи. Значи постоеше ризик од допинг бидејќи нашите доктори немаа проверено за какви лекови се работи. За среќа ќе можеме да сметаме на него за натпреварот од првото коло против Вест Хем“, изјави Гвардиола.

Марез со Алжир го освои Африканскиот куп на Нации и поради тоа доби нешто подолг одмор и ја пропушти првата фаза од припремите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…