Дома Фудбал Гвардиола донесе одлука која ги воодушеви сите во Сити

Гвардиола донесе одлука која ги воодушеви сите во Сити

Се погласни се шпекулациите дека Манчестер Сити ќе добие казна поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, а дури им се заканува и исфрлање од Премиерлигата.

Пеп Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2025 година, па многумина сметаат дека ќе си замине од тимот доколку Сити биде исфрлен во подолите лиги.

Меѓутоа, Гвардиола веќе донел одлука и се договорил со управата на премиерлигашот да потпише нов договор без разлика дали клубот ќе биде исфрлен во понизок ранг.

Одлуката на Гвардиола ги воодушеви навивачите на Манчестер Сити, но воедно тој покажа голема лојалност кон клубот од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …