Како што пренесува британски „Сан“, тренерот на Манчестер Сити по секоја цена сака да го доведе во својот тим играчот на Лацио и српски репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сергеј игра фантастична сезона во Лацио каде се промовираше во еден од најдобите играчи за врска во Серија А и е мета на многу гиганти ширум Европа.
На Гвардиола нема да му биде лесно да го добие неговиот потпис бидејќи за Србинот сериозен интерес покажуваат уште Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Лацио сигурно ќе се противи на неговото заминување на средина од сезоната, но „Сан“ наведува дека Гвардиола спрема понуда од 80 милиони евра со која ќе ги убеди „небесносините“.
Обично кога Гвардиола нешто сака, тоа и го добива. Ќе видиме како ќе биде овој пат…