Дома Фудбал Гвардиола го „пецна“ Манчестер Јунајтед

Гвардиола го „пецна“ Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше „трансферот“ на директорот Омар Берада во ривалот Манчестер Јунајтед.

Берада мина осум години во Манчестер Сити, а пред неколку дена стана нов извршен директор на тимот од „Олд Трафорд“.

Тој е заслужен за многу големи трансфери на „граѓаните“ како Де Брујне, Халанд, но Гвардиола смета дека еден човек не може да промени ништо сам во еден клуб.

„Ништо нема да се промени преку ноќ. Тука остануваат Де Брујне, останува и Халанд, не е се така лесно и едноставно во фудбалот. Можеби Јунајтед смета дека се ќе промени со една личност, ако мислат така, тогаш честитки за нив. Не сум сигурен дека ќе се случи баш тоа“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …