Дома Фудбал Гвардиола го има најлошиот старт во тренерската кариера

Гвардиола го има најлошиот старт во тренерската кариера

После ремито против Вест Хем, Пеп Гвардиола и официјално го има најлошиот старт на една сеозна во неговата тренерска кариера.

Ремито со „чеканите“ значи дека Сити имаат освоено само осум бода од првите пет кола, и уште поневеројатно немаат позитивна гол-разлика.

Сега следува тежок период за „граѓаните“ кои во следните два месеци ќе играат минимум два меча неделно и Пеп мора да реагира многу бргу.

„Веќе загубивме седум бода, што навистина е многу. Но, страдаме од повеќе причини и ќе видиме како ќе оди сезоната“, изјави Гвардиола.

Ова е најлош старт на една сезона на Сити од 2014 година, и напорниот календар по кратката летна пауза поради корона вирусот сигурно влијаеше на тимот на Гвардиола.

Кајл Вокер, Родри, Ријад Марез и Фил Фоден се единствените четири фудбалери кои беа достапни за сите натпревари оваа сезона за Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од шампион до човек што го воскресна Хајдук: Приказната за Шиме Подује

Со Хајдук освои две титули, а во воените години организираше 14 фудбалери да стигнат на Ви…