Дома Фудбал Англија Гвардиола: Без разлика на казната, јас останувам 100%

Гвардиола: Без разлика на казната, јас останувам 100%

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола категирично потврди дека останува на „Етихад“ без разлика на казната од УЕФА.

Излегоа шпекулации дека Гвардиола како и неколку играчи ќе си оди од клубот, меѓутоа тој по втор пат во краток период потврди дека со сигурност ќе остане во клубот.

Манчестер Сити ја обжали казната на УЕФА за двегодишна суспензија од европските натпреварувања, но без разлика на исходот Каталонецот сигурно ќе остане на „Етихад“.

„Лично јас, што и да се случи, ќе бидам овде следната сезона. Ако клубот не ме отпушти, а тоа може да се случи, ќе останам овде со сигурност. Зошто би заминал кога пред само еден месец реков дека го сакам овој клуб и сакам да бидам овде? Зборувавме со играчите и во следните три месеци ќе се фокусираме на она што треба да го направиме“, изјави Гваридола.

„Процесот се уште не е комплетиран, клубот верува дека ова е некоректен процес, ние ќе имаме и жалба на одлуката, ќе сочекаме на конечниот епилог. 100% му верувам на клубот за тоа што го сторил досега, тие ми ги објаснија причините за сево ова, па сега ќе сочекаме да видиме што ќе се случи“, додаде Гвардиола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не сакал да го доведе Мурињо: Неговото однесување не е за Енфилд!

Жозе Мурињо ја воодушеви Европа кога во 2004 година со Порто ја освои Лигата на шампиони и…