Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Раул е паметен и повеќе нема да биде селектор на Македонија

Вујовиќ: Раул е паметен и повеќе нема да биде селектор на Македонија

Веселин Вујовиќ откако во текот на Светското првенство порача дека Раул Гонзалес едвај чека да Мундијалот за да се посвети на ПСЖ, сега повторно зборуваше за нашиот селектор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Популарниот Вујо во интервју за специјализираниот сајт за ракомет, „Балкан Хендбол“ порача дека Раул нема уште долго да биде селектор на Македонија.

„Знам по себе, кога се вратив од Олимписките игри во Рио, бев целосно празен во Загреб. Сега Николаи ќе биде таков во Левен и мислам дека Левен ќе плати за неговата светска титула. Истото го мислам и за Раул, на високо ниво сето тоа се плаќа. Кога играш СЕХА лига тоа не е така страшно, но кога играш во Лига на шампиони и имаш репрезентација тоа се големи обврски. Тоа може да се издржи во краток период, на подолг ќе се почуствуваат последици. Раул е паметен и тој повеќе нема да биде селектор на Македонија“, изјави Вујовиќ.

За Вујовиќ Прибак и Никола Марковски можеле да бидат повикани за Светското првенство, но не сакаше да навлегува во одлуките на Раул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…